Tоплите денови дојдоа порано, погрижете се да нема лоши изненадувања
Летните температури во април може да предизвикаат проблеми и кај здравите и кај хронично болните, предупредуваат лекарите. Од наглото затоплување не страдаат само постарите туку загрозозени се и помладите.
-И кај помладите може да се јави колапсна состојба, покачен или намален крвен пририсок, неадекватна терморегулација, вели прим. д-р Василаќи Карабашев, шеф на смена во Службата за итна медицинска помош во Скопје.
Во Брзата помош засега немаат зголемен број на повици, но советуваат да се внимава и да не се излегува кога е најтопло, а зрачењето најголемо.
- Се препорачува да се носи соодветна лесна облека, да не се престојува предолго на директна сончева изложеност, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, додаде д-р Карабашев.
Според најавите од УХМР и во наредните два дена целата територија на Македонија ќе биде зафатена со температури до 32 степени кои се невообичаените за овој период од годината .
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
