Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
Топлотниот бран од Европа дојде и во Македонија. Температурите ќе го надминат 40-от степен. Владата ја активираше третата портокалова фаза за заштита на населението од екстремно топлото време. До среда да бидат ослободени од работа бремените и постарите од 60 години. Градежните и останатите активности на отворено да паузираат од 11 до 17. Ако има можност фирмите да овозможат работа од дома, останатите да обезбедат услови до 25 степени во просториите.
- Да не се излегува надвор од 11-17 часот. Доколку тоа е неопхподно да се носи шишенце со вода, шапка и лесна и светла облека, ова полсебно важи за хронично болните, повозрасните, трудниците и малите деца, изјави д-р Анита Димовска, раководител на Службата за итна медицинска помош – Скопје.
И покрај секојдневните препораки од лекарите периодов екипите на скопската Брза помош дневно интервенираат кај најмалку 3 колапски на јавни места. Службата и ова лето располага со редуциран број 5-6 тимови во смена за речиси милионскиот град.
- Секоја екипа сега ни е драгоцена и во фаза на редуциран број на екипи ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи и да не замеруваат доколку поставуваме повеќе прашања за да направиме проценка дали треба веднаш да се интервенира и да може да постигнеме секаде каде има навистина потреба од нас, рече д-р Димовска.
Според метео прогнозата африканскиот топлотен бран во земјава ќе се задри до средината на идната недела, кога ќе имаме благ пад на температурите.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар