Тошковски: На безобѕирните возачи во иднина ќе им се одземаат возилата
Сообраќајните казни ќе останат исти, но оние кои ќе возат брзо, под дејство на алкохол и без возачка дозвола ќе останат без возило. На безобѕирните прекршители ќе им се конфискуваат автомобилите, ова денеска го најави министерот за внатрешни од граничниот премин Табановце. Возилата кои ќе ги одземат ќе се донираат на државни институции и ќе бидат ставени во служба на граѓаните. Новите мерки ќе стапат на сила со измените на Кривичниот законик и законот за прекршоци. Со овие мерки но и активирање на сејф сити системот вели ќе може да се намали црната статистика во сообраќајот.
Една од најчестите причини поради која се случуваат сообраќајни несреќи е токму заморот кој особено влијае на возачите во летниот период. Преку кампањата вози одморен министерот и претседателот на РСБСП ги потсетија возачите на ризиците од замор, ненаспаност и намалена концентрација.
Во текот на летниот период на овој граничен премин дневно минуваат повеќе од 50 000 возила.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар