Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, со положување цвеќе, им оддаде почит на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во кругот на Полициската станица Гази Баба кои пред 26 години трагично загинаа на 11 јануари 2000 година во заседа кај влезот во селото Арачиново.
Во објава на социјалните мрежи, Тошковски наведува дека тие биле подмолно и сурово убиени при извршување редовна полициска контрола.
– Македонија никогаш не ги заборава своите храбри синови. Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак. Во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, тие подмолно и сурово беа убиени во заседа. Со длабока почит кон нивната жртва, денес положив свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба, со јасна порака дека нивното херојство никогаш нема да биде заборавено, вели Тошковски.

Хероите на Македонија, додава Тошковски, живеат вечно во колективната меморија, а нивната жртва, како што вели, останува траен завет за сегашните и идните генерации.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
