Loading Video...
Фудбал
26. February 2022 - 17:13
Тотенхем го декласира Лидс со 4-0
Тотенхем го декласира Лид со убедливи 4-0 во првиот натпревар од денешната програма во англиската Премиер лига.
Тимот од Лондон кој игра променливо сезонава, денеска беше на посакуваното диво па за помалку од половина час, Тотенхем веќе имаше три голови предност.
Доерти во 10-тата минута го отвори резултатот, Колушевски во 15-тата зголеми на 2-0, а во 27-минута Кин беше стрелец на третиот гол. Конечните 4-0 за Тотенхем ги постави Сон со погодокот во 85-минута.
Тотенхем сега е на седмото место на табелата со 42 бодови, колку што има и Вест Хем но „Спарси“ имаат одиграно и еден натпревар помалку од „Чеканите“ кои пак утре го пречекуваат Вулверхемптон.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->