Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени

Товарен и патнички воз се судрија денеска меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци. Шест патници се тешко повредени, а 13 се полесно повредени, соопшти хрватското Министерство за здравство.
На патниците им е укажана медицинска помош во болниците Бјеловар и Копривница, а некои се префрлени во болниците во Загреб. Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер. Причината за несреќата сè уште се утврдува.
Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека истрагата ќе покаже што е причината за сударот меѓу патничкиот и товарниот воз. Тој нагласи дека најважно е што во несреќата нема смртни случаи.
Според него, тешко повредените патници и машиновозачот на патничкиот воз се пренесени во загрепските болници, додека некои од повредените се згрижени во медицински установи во близина на местото на несреќата.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
