Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата

Голот против Италија во Палермо ќе остане засекогаш запишан во фудбалската историја на македонскиот фудбал, а стрелецот Александар Трајковски по случувањата на дуелот со Данска реши да стави крај на репрезентативната кариера.
Во своето обраќање на социјалните мрежи напиша:
„Денес стојам пред вас со срце полно емоции … Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се опише со зборови. Да ја претставуваш својата земја, својот народ, своето семејство … Тоа е нешто што се чувствува, не се објаснува. Секој повик во репрезентацијата за мене беше како прв. Истата возбуда, истата трема, истата желба да дадам сè од себе. Секој натпревар беше битка, секој гол – момент кој ќе го носам во срцето засекогаш. Но повеќе од сè, ќе ги паметам луѓето,соиграчите кои станаа браќа, кои веруваа во мене и сите оние кои беа дел од ова патување.
Имаше и тешки моменти … Порази кои болеа, но и победи кои не учеа што значи вистинска радост. Во сите тие моменти, едно нешто никогаш не се промени – љубовта кон дресот и желбата да се даде максимумот за нашата земја. Сепак, во изминатиот период чувствувам дека мојот труд,и залагање не беа доволно вреднувани. Посебна благодарност до навивачите,вие бевте нашата сила кога беше најтешко, нашиот ветер во грб кога ни требаше најмногу.
Ова не е лесна одлука … Заминувањето боли, но истовремено носи и гордост. Гордост што имав чест да бидам дел од оваа репрезентација и да го носам овој дрес со срце. Репрезентацијата не е само тим – тоа е семејство.Ви благодарам на сите за довербата, поддршката и љубовта низ сите овие години. Ви благодарам што ми дозволивте да го живеам мојот сон.
Со крената глава и полно срце … Се повлекувам.“
Трајковски македонски репрезентативец беше од 2011 година одигра 98 натпревари во македонскиот дрес, а постигна 28 голови. Тој беше дел и од македонската репрезентација која учествуваше на Европското првенство.
МИА
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
