Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор.
– Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп.
Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат.
– Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да се случи, посочи Трамп одговарајќи на прашањето колку долго ќе траат преговорите.
Трамп наведе и дека Иран сака преговори „бидејќи многу тешко го погодивме“.
САД на 25 јули ја стопираа двонеделната кампања на воздушни напади врз Иран.
Министерство за надворешни работи на Иран соопшти дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници и оти Техеран не се откажал од дипломатијата.
Портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багаеи наведе оти извештаите дека Иран бара разговори се „измислени“.
– Тоа не е во нашата ДНК, посочи Багаеи.
МИА
Ново на Сител
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
-

Тема на денот со Златко Кузманов, воено-политички аналитичар
-

Одложени операции на хируршките клиники поради дефект во климатизацијата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Мицкоски: Ќе почекаме до седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
-

Протести во Краљево против претседателот Вучиќ
