Македонија
29. јуни 2026 - 12:07

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција

Никој не може да даде гаранции за политичките процеси, но сега е шанса да се искористи моментот за напредок во интеграциите, порача министерот за надворешни работи на Литванија, која од 1 јануари следната година застанува на чело на ЕУ.

Според него процесот треба да се базира на исполнувања, но повтори дека треба да се исполни консензусот од 2022-ра.

Шефот на дипломатијата Муцунски верува дека и Литванија и 26 земји членки на Унијата сакаат напредок за Македонија до целосно завршување на преговорите. Сепак е дециден дека на сите средби со европските функционери се бараат гаранции дека нема да се соочиме со перманентни блокади од една земја членка.

Според Муцунски договорот со Бугарија од 2022-ра различно го толкуваат земјите членки а различно Бугарија, затоа на Македонија и е потребна предвидливост во целиот процес.