Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“, но дека може да се вратат за индивидуални операции.
Во интервју за Ројтерс, Трамп не прецизираше кога точно ќе заврши американското учество во војната против Иран.
„Тие немаат нуклеарно оружје, бидејќи не се способни да го развијат во моментов, па ќе се повлечам, ќе ги земам сите со мене, а ако мора да се вратиме, ќе се вратиме за индивидуални напади“, рече Трамп.
Според неговите зборови, Иран „дури и не сака да има нуклеарно оружје“.
Тој најави дека за време на претстојното обраќање до нацијата ќе го изрази своето „згрозување“ од земјите-членки на НАТО, односно од нивното одбивање да се приклучат на војната на САД и Израел против Иран.
Трамп додаде дека „апсолутно“ размислува за излегување на САД од Алијансата.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, објави дека Трамп ќе се обрати до нацијата за војната против Иран, а потоа ќе даде „важни информации“.
Ново на Сител
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
