Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“, но дека може да се вратат за индивидуални операции.
Во интервју за Ројтерс, Трамп не прецизираше кога точно ќе заврши американското учество во војната против Иран.
„Тие немаат нуклеарно оружје, бидејќи не се способни да го развијат во моментов, па ќе се повлечам, ќе ги земам сите со мене, а ако мора да се вратиме, ќе се вратиме за индивидуални напади“, рече Трамп.
Според неговите зборови, Иран „дури и не сака да има нуклеарно оружје“.
Тој најави дека за време на претстојното обраќање до нацијата ќе го изрази своето „згрозување“ од земјите-членки на НАТО, односно од нивното одбивање да се приклучат на војната на САД и Израел против Иран.
Трамп додаде дека „апсолутно“ размислува за излегување на САД од Алијансата.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, објави дека Трамп ќе се обрати до нацијата за војната против Иран, а потоа ќе даде „важни информации“.
Ново на Сител
-

Научните докази покажуваат дека вејпингот веројатно предизвикува рак на белите дробови и усната шуплина
-

Провејува снег во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато
-

Трамп изјави дека САД ќе ја „довршат работата“ во Иран за „можеби две недели“
-

Мицкоски на отворањето на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба
-

Македонските фудбалери одиграа без голови во Даблин
-

Државниот архив одбележува 75 години од основањето
-

Облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h
-

Со „Б“ категорија возачите ќе можат да управуваат мотоцикли до 125 кубика, поднесен предлог закон
