Трамп бара ослободување од обвинение за Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на прекин на судењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во објава на „Truth Social“.
Бев шокиран кога слушнав дека Државата Израел, која штотуку доживеа еден од своите најголеми моменти во историјата, и е моќно предводена од Биби Нетанјаху, продолжува со својот смешен лов на вештерки против својот воен премиер! Биби и јас штотуку поминавме низ ПЕКОЛ заедно, борејќи се против многу суров и брилијантен долгогодишен непријател на Израел, Иран, а Биби не можеше да биде подобар, поостроумен или посилен во својата ЉУБОВ кон неверојатната Света Земја. Секој друг би претрпел загуба, срам и хаос! Биби Нетанјаху беше ВОИН, како можеби ниту еден друг воин во историјата на Израел, а резултатот беше нешто што никој не го сметаше за можно, целосно отстранување на потенцијално едно од најголемите и најмоќните нуклеарни оружја насекаде во светот, напиша Трамп.
Трамп, меѓу другото наведува дека „никој во израелската историја не се борел посилно или покомпетентно од Биби Нетанјаху“.
-И покрај сето ова, штотуку дознав дека Биби бил повикан на суд в понеделник за продолжување на овој долготраен (тој поминува низ ова хорор шоу од мај 2020 година – Нечуено! Ова е прв пат да му се суди на актуелен израелски премиер) политички мотивиран случај, во врска со цигари, куклата Душко Долгоушко и бројни други неправедни обвинувања за да му се нанесе голема штета. Таков ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ, за човек кој дал толку многу, е незамислив за мене. Тој заслужува многу подобро од ова, а истото го прави и Државата Израел. Судењето на Биби Нетанјаху треба ВЕДНАШ ДА СЕ ОТКАЖЕ или да му се даде помилување на голем херој кој направил толку многу за земјата. Можеби не познавам никого кој би можел да работи во подобра хармонија со претседателот на Соединетите Американски Држави, со МЕНЕ, од Биби Нетанјаху. Соединетите Американски Држави го спасија Израел, а сега Соединетите Американски Држави ќе го спасат Биби Нетанјаху, додаде тој.
Од 2020 година, Нетанјаху е обвинет во три одделни случаи на корупција познати како Афера 1000, 2000 и 4000, а обвиненијата вклучуваат поткуп, измама и кршење на довербата.
Во Афера 4000, најсериозниот, тој е обвинет за фаворизирање на телекомуникациската компанија Безек во замена за поволно медиумско известување на порталот Вала. Во други случаи, станува збор за примање подароци од богати пријатели и обид за постигнување договор со медиумите за поволно известување. Нетанјаху ги отфрла сите обвинувања и тврди дека е жртва на политички прогон.
Судењето започна во мај 2020 година и трае повеќе од пет години, со бројни одложувања и прекини, делумно поради политичките обврски на Нетанјаху и вонредните околности како што е војната во Газа.
Ново на Сител
-

Свечен прием за шампионите: Студенти на ФФОСЗ со светски и балкански медали во кик-бокс
-

Обвинение за поранешниот директор на „Комунална хигиена“ поради преполните контејнери во главниот град
-

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез
-

Удока казнет со 25.000 долари за критикување на судиите
-

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи
-

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп
-

Виртус ја прекина серијата на Партизан
-

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици и во „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“
