Трамп: „Бев малку саркастичен“ за запирање на војната во Украина за 24 часа

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека бил „малку саркастичен“ кога тврдел дека ќе стави крај на војната во Украина за 24 часа.
Тој беше прашан за ова ветување, кое го даваше повеќепати во кампањата, во интервју за емисијата Full Measure, додека неговата администрација се обидува да најде решение 54 дена по почетокот на неговиот втор мандат.
– Бев малку саркастичен кога го кажав тоа, изјави Трамп во видео-најава за интервјуто, чија целосна верзија ќе биде емитувана утре. – Она што го мислев е дека ќе ја решам оваа војна – и тоа успешно.
Во мај 2023 година, тој на дебата организирана од Си-Ен-Ен изјави: „Луѓе умираат, и Руси и Украинци. Сакам да го запрам тоа. И ќе го направам – за 24 часа.“
Во интервјуто, Трамп беше запрашан што ќе се случи ако рускиот претседател Владимир Путин не прифати прекин на огнот.
– Тоа ќе биде лоша вест за светот, бидејќи толку многу луѓе умираат, одговори Трамп. – Но, верувам дека ќе прифати. Го познавам доволно добро и мислам дека ќе се согласи, оценува американскиот претседател
Во говор во Министерството за правда на САД, Трамп изјави дека од Русија пристигнуваат позитивни сигнали и повторно изрази убеденост дека ќе биде постигнат договор за крај на војната.
Ново на Сител
-

Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
-

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
