Трамп: Би било одлично Зеленски и Путин да се сретнат

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа оцени дека би било „одлично“ претседателите на Русија и Украина да се состанат и да постигнат договор за ставање крај на конфликтот.
Коментирајќи го отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можен состанок со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп изјави дека ја поддржува идејата за директен дијалог.
- Не знам. Драго ми е што можеби разговараат за состанок. Мислам дека со тоа имавме голема врска. Мислам дека би било одлично да се состанат – треба да го завршат тоа – им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа.
Тој потсети дека претходно ја поддржувал и идејата за трилатерален состанок, кој би ги вклучил него, Путин и Зеленски.
Претседателот на Украина денеска упати отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин, порачувајќи дека Украина е подготвена за крај на војната и за директни преговори на ниво на лидери.
МИА
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
