Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо

Егзекуцијата на поранешниот мајор на американската армија, Нидал Малик Хасан, осуден за убиство на 13 лица и повредување на 32 други во пукотница во воената база Форт Худ во 2009 година, нема да биде емитувана во живо, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
„Тој ќе биде погубен како што е планирано, со стрелачки вод, но овој настан нема да биде емитуван во живо“, рече Трамп.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп изјави дека членовите на семејствата на жртвите ќе можат лично да присуствуваат на егзекуцијата доколку тоа го сакаат.
Трамп изјави дека ја разгледува можноста за емитување на егзекуциите за да, според него, покаже како САД се справуваат со терористите, но додаде дека многу добронамерни луѓе би претпочитале да избегнат да гледаат таков настан.
Американскиот претседател го опиша Хасан како предавник и криминалец, тврдејќи дека јавното емитување на егзекуцијата би можело да послужи како предупредување за потенцијалните сторители на терористички напади.
МИА
Ново на Сител
-

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027, поднесени над 300 амандмани
-

Николоски во работна посета на Валандово
-

Претпладне дожд, попладне разведрување
-

Србинот Дејан Мијатовиќ нов тренер на МЗТ Скопје
-

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија Ибрахим Ал-Мади
-

Директорот на Мајкрософт: Вештачката интелегенција би можела да предизвика бројни проблеми
-

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во државата
