Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, и додаде дека на Европската Унија ѝ дал рок до 4 јули да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД, во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа.
Трамп разговорот со Фон дер Лајен го оцени како „одличен“ и посочи дека разговарале за повеќе прашања, вклучително и за Иран, при што се согласиле дека Техеран не смее да располага со нуклеарно оружје.
Американскиот претседател нагласи дека ЕУ има рок да го спроведе трговскиот договор до 250-годишнината од основањето на САД, што годинава ќе биде одбележана на националниот празник – 4 Јули.
На 1 мај Трамп објави дека американските царини за автомобили и камиони увезени од ЕУ ќе бидат зголемени на 25 проценти, наведувајќи дека Унијата не го почитувала билатералниот трговски договор. Во моментов царините изнесуваат 15 проценти.
Еврокомесарот за трговија Марош Шефчовиќ вчера изрази оптимизам по разговорите со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, оценувајќи дека двете страни треба да го реализираат трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кој беше договорен во јули минатата година.
Можното зголемување на царините силно би ја погодило германската автомобилска индустрија.
МИА
Ново на Сител
-

Волк или куче - што беше заловено во Козле ќе покажат анализите на АХВ
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
-

„Калиманци“ полна, каналите стари, стартува наводнувањето во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
