Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги обвини советниците на неговиот претходник Џо Бајден дека свесно ја искористиле неговата ментална слабост за да пуштаат имигранти преку јужната граница, и ова, според него, претставувало „велепредавство од највисоко ниво“.
Во објава на социјалната мрежа TruthSocial, Трамп тврди дека политиката на отворени граници не била иницирана од самиот Бајден.
- Тоа не беше негова идеја – тој никогаш не би дозволил секакви криминалци да доаѓаат слободно во нашата земја, напиша Трамп. „Тоа беа луѓето кои знаеја за неговите когнитивни проблеми. Тие ја украдоа претседателската функција и ја доведоа нашата земја во сериозна опасност“.
Трамп посочи дека „вистинскиот“ Бајден, оној што јавноста го познаваше, никогаш не би дозволил влез без контрола на „нарко-картели, бандити и ментално нестабилни лица“.
По 20 јануари откако стана претседател, досега се приведени 48.846 мигранти, од кои дел се нелегални, според податоци на имиграциската служба на САД. Бројот на нелегални премини во април 2025 година паднал на 8.400 – најниско ниво од 2000 година, а по постојано намалување што започнало во март 2024 година.
Ново на Сител
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?