Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран денеска ќе биде „силно погоден“, додавајќи дека земјата веќе е „жестоко опустошена“ по американските и израелските напади.
Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп наведе дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно им се извинил на земјите од Персискиот Залив и на други држави за нападите извршени на нивна територија.
„Ова извинување беше дадено поради безмилосните американски и израелски напади“, напиша Трамп, обвинувајќи го Иран дека се обидува да „го преземе и контролира Блискиот Исток“.
„Иран повеќе нема да биде ‘насилникот на Блискиот Исток’, туку ‘губитникот на Блискиот Исток’. Така ќе биде многу децении, сè додека не се предадат или, поверојатно, целосно не ‘се распаднат’“, додаде тој.
Американскиот претседател изјави и дека уште ирански високи претставници би можеле да станат цел на нови напади.
МИА
Ново на Сител
-

МНРиНТ: Во недела почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток
-

Премиерот Мицкоски на поставување камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје
-

Сончево и топло со температури до 18 степениСончево и топло со температури до 18 степени
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
