Трамп и Шји се договориле Кина да не испраќа воена опрема во Иран

Кина се согласи да нарача 200 авиони Боинг, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.
Американскиот министер за финансии на САД, Скот Бесент, претходно изјави дека очекува најава за голема нарачка на „Боинг“ за време на посетата на Трамп на Пекинг и разговорите со кинескиот лидер Шји Џинпинг.
„Едно од нештата за кои се согласи денеска е дека ќе нарача 200 авиони. „Боинг“ сакаше да продаде 150, тие добија 200“, изјави Трамп цитиран од „Фокс Њуз.
Американскиот претседател откри и некои детали од разговорот со кинескиот претседател Шји Џинпинг за Иран и Ормуската Теснина. Според него, Шји му рекол дека Кина нема да испраќа воена опрема во Иран и дека сака клучниот воден пат да остане отворен.
Шји рече дека нема да му дава воена опрема на Иран, рече Трамп, оценувајќи го тоа како „голема изјава“.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Шји Џинпинг вчера се согласија во Пекинг дека Ормуската Теснина мора да „остане отворена“, објави претходно Белата куќа.
„Двете страни се согласуваат дека Ормуската Теснина мора да остане отворена за да се гарантира слободниот проток на енергентите“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
МИА
Ново на Сител
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
