Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“.
Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата во врска со откривањето податоци за странските студенти, што резултираше со прекин на федералното финансирање.
Во најновата објава, Трамп го обвинува Харвард дека има „обемни врски со странски држави“ и дека „ги крши граѓанските права на своите студенти и наставници“.
- Утврдено е дека е неопходно да се ограничи влезот на странски државјани кои доаѓаат во САД исклучиво или првенствено со цел да студираат на Харвард, се вели во декретот.
Покрај забраната за нови уписи, декретот го повикува државниот секретар да размисли за поништување на издадените визи за студентите кои веќе студираат на Харвард, а забраната може да се продолжи и по иницијалниот рок од шест месеци.
Претставници на Харвард за Ројтерс изјавиле дека станува збор за „уште еден незаконски и одмазднички потег на администрацијата кој го крши правото на слобода на говор.“
Универзитетот истакнува дека ќе продолжи да ги штити своите меѓународни студенти и да се бори против притисоците од Белата куќа. Во моментов, речиси 7.000 странски студенти сочинуваат 27 проценти од студентското тело на Харвард.
Уредбата на Трамп доаѓа непосредно по пресудата со која судот ја блокираше претходната одлука на Министерството за домашна безбедност да забрани запишување на странски студенти на Харвард. Министерката Кристи Ноем претходно ја укина сертификацијата на универзитетот потребна за запишување странци, што исто така беше запрено по судски пат.
Белата куќа вчера се закани и со укинување на акредитацијата на Универзитетот Колумбија поради наводни повреди на правата на еврејските студенти за време на протестите против војната во Газа.
Администрацијата на Доналд Трамп во последните месеци го засили притисокот врз американските универзитети, обвинувајќи ги дека не преземаат доволно против антисемитизмот. Харвард беше обвинет и за „несоодветна соработка“ со властите во врска со безбедносните проверки на меѓународните студенти, вклучувајќи недостатоци во податоците за тројца студенти.
Според коментарите од Белата куќа, забраната за Харвард би можела да биде само почеток на поширока стратегија за ограничување на меѓународната академска размена, со образложение за заштита на националната безбедност.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави