Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Иран може да контактира со САД доколку сака да преговара за крај на војната.
– Ако сакаат да преговараат, можат да дојдат кај нас или да ни се јават. Знаете, има телефон. Имаме многу добри и сигурни линии, рече Трамп.
Тој посочи дека го откажал планираното патување на неговите специјални пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, во Исламабад, каде што престојува иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.
– Мислам дека војната со Иран ќе заврши многу брзо и ние ќе бидеме победници, рече Трамп, изразувајќи увереност дека Исламската Република нема да продолжи да ја развива својата нуклеарна програма.
Тој повторно ги критикуваше сојузниците на НАТО за тоа што не ги поддржуваат САД во војната против Исламската Република.
– Велика Британија рече дека ќе испрати бродови кога ќе заврши војната и тоа не е добро, додаде Трамп.
Претседателот на САД, исто така, рече дека денеска имал „многу добри разговори“ со својот руски колега Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски.
– Работиме на руската ситуација… се надеваме дека ќе го завршиме и тоа, додаде Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
