Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран планира да даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД, и оти се очекува мировните разговори во Пакистан да продолжат.
-Тие даваат понуда и ќе мора да видиме, изјави Трамп во телефонско интервју за Ројтерс. Вели декка сè уште не знае каква ќе биде понудата.
На прашањето со кого преговараат САД, Трамп рече: „Не сакам да кажам, но преговараме со луѓето кои се на власт во моментов“.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, претходно изјави дека специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, денеска ќе отпатуваат во Исламабад на разговори со Иран, со посредство на Пакистан.
Левит рече дека САД во последните денови забележале одреден напредок од иранска страна и се надеваат на поголем напредок за време на разговорите во текот на викендот.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, синоќа пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за продолжување на мировните преговори со САД.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
