Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме

Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам, изјави денеска пред новинарите во комплексот на Белата куќа претседателот на САД, Доналд Трамп.
- Или ќе ги збришеме, или ќе се договориме – додаде тој.
Претходно, Трамп рече дека не е задоволен од последниот предлог на Иран за решавање на конфликтот, кој почна со американско-израелските напади врз Исламската Република на 28 февруари годинава. Шефот на американската држава истакна дека „преговара по телефон“ со Техеран.
- Штотуку завршив разговор со Иран. Не сум задоволен – изјави Трамп.
Освен тоа, тој нагласи дека не е загрижен за американските резерви на борбени ракети во контекст на стравувањата дека тие се „топат“ во текот на воените дејствија против Иран.
Од друга страна, Трамп изјави дека вчера разговарал со номинираниот за премиер на Ирак, Али аз Заиди, и му изразил силна поддршка. Вашингтон се стреми да одржува блиски односи со Багдад од безбедносни причини со оглед на тензиите во регионот.
Претседателот на САД ја коментираше и својата претстојна посета на Кина, нагласувајќи дека таа ќе биде „одлична“. Трамп потврди дека ќе се сретне со кинескиот лидер Шји Џјинпинг.
Американскиот претседател најави и дека најверојатно ќе учествува на самитот на Г7 во Франција, планиран за средината на јуни.
МИА
Ново на Сител
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
