Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот

Иран лансираше најмалку четири дронови кон бродови што минуваат низ Ормускста Теснина, кршејќи го договорот за прекин на огнот со САД, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој на својата социјална платформа Truth Social изјави дека еден од дроновите ја погодил горната палуба на товарен брод.
„Штетата е направена, но бродот можеше да продолжи со своето патување. Соборивме уште три дрона. Ова е очигледно глупаво кршење на нашиот договор за прекин на огнот“, напиша Трамп.
Двајца неименувани американски функционери синоќа изјавија дека Иран нападнал товарен брод што бил погоден од ракета додека се обидувал да помине низ Ормуската Теснина.
Бродот „Евер Лајвли“ бил погоден од ракета од десната страна, 7,5 наутички милји југоисточно од оманското пристаниште Дахит, додека се обидувал да помине низ Ормуз.
Од ударот е оштетен мостот на бродот, кој е во сопственост на компанијата „Евергрин“ од Тајван, а во нападот немало жртви.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
