Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека преговарачите на САД и Иран се „сè поблиску“ до постигнување конечен договор за завршување на војната. Според него, договорот би требало да спречи Иран да развие нуклеарно оружје и да обезбеди соодветно управување со збогатениот ураниум, пренесува Reuters.
Напредокот во преговорите за завршување на речиси тримесечниот конфликт во саботата го потврдија и Иран, САД, како и Пакистан, кој посредува во процесот, објави 4news.mk Трамп во интервју за CBS News ги нагласи своите услови, порачувајќи: „Ќе потпишам само договор со кој ќе го добиеме сè што сакаме.“
Одлука за војната можна до недела
Во одделен разговор за Axios, Трамп најави дека во саботата со своите советници ќе го разгледа најновиот нацрт-договор со Иран. Тој додаде дека одлука дали ќе продолжи воениот притисок може да донесе веќе до недела.
„Или ќе постигнеме добар договор или ќе ги уништиме до крај,“ изјави Трамп, пренесува Axios.
Преговори под сенка на воени закани
Трамп од почетокот на примирјето, кое е прогласено пред шест недели, се движи меѓу дипломатијата и заканите за воена акција. Примирјето беше воспоставено за да им се овозможи на страните да постигнат договор за иранската нуклеарна програма и повторно отворање на Ормутскиот теснец — клучен поморски пат за снабдување со нафта и гас, кој во моментов е под контрола на Техеран.
Ново на Сител
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
