Трамп изјави дека САД ќе ја „довршат работата“ во Иран за „можеби две недели“

Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава во Белата куќа, рече дека очекува САД да ја „довршат работата“ во Иран „во рок од можеби две недели, можеби неколку дена подолго“.
На новинарско прашање кога САД ќе бидат „надвор или готови со војната“ во Иран, Трамп одговори: „Мислам за две или три недели“, пренесе ДПА.
– Ќе си заминеме затоа што нема причина да го правиме ова – продолжи Трамп.
Тој подоцна дообјасни дека иако промената на режимот во Техеран „не беше една од работите што ги имав како цел“, тој сепак имал една цел.
– Имав една цел, да нема нуклеарно оружје, и таа цел е остварена. Тие нема да имаат нуклеарно оружје, но ја довршуваме работата и мислам дека во рок од можеби две недели, можеби неколку дена подолго за да се заврши работата, но сакаме да го уништиме секој поединечен објект што го имаат, изјави Трамп.
– Можно е да постигнеме договор и пред тоа – додаде американскиот претседател.
САД и Израел го напаѓаат Иран од 28 февруари, додека Иран врши одмазднички напади врз Израел и земјите во регионот каде што има американско воено присуство.
МИА
Ново на Сител
-

Детска песна за „Голема Албанија“ емитувана на МРТ2, програмскиот совет ќе утврдува одговорност
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026
-

Лишени од слобода две лица поради бегство од затвор
-

Иран е претпазлив во врска со разговорите со САД за завршување на војната
-

Папата Лав се надева дека Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран
-

Први април – Ден на шегата: Скопје во знакот на хуморот, маските и карикатурата
-

Лагард: Последиците од војната со Иран ќе бидат долготрајни
