Трамп ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека ја овластил Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да спроведува тајни операции во Венецуела, јави ДПА.
Запрашан на прес конференција во Белата куќа зошто ја овластил ЦИА да влезе во Венецуела, Трамп рече дека „ги испразнивме своите затвори во САД“ и дека „имаме многу дрога што доаѓа од Венецуела“.
Трамп одби да одговори на прашањето дали ЦИА има овластување да го „отстрани“ венецуелскиот авторитарен претседател Николас Мадуро, за кого САД велат дека е вмешан во меѓународна трговија со дрога.
Претседателот изјави дека неговата администрација разгледува мерки за сузбивање на операциите против дрога на копно, покрај нападите што американската војска ги спроведува врз бродови за кои се сомнева дека носат дрога во Карибите.
- Голем дел од венецуелската дрога влегува преку море, па можете да го видите тоа, но ние ќе ги запреме и по копно, рече Трамп, пренесува германската агенција.
Во последните недели, американската војска постојано пукаше врз бродови со осомничени шверцери на дрога во Карибите. Се наведува дека во овие акции се убиени повеќе од 20 лица, пренесе ДПА.
Акциите предизвикаа широки критики, делумно затоа што американската влада првично не успеа да обезбеди законска основа за нападите.
Обединетите нации претходно во октомври ја повикаа американската Влада на воздржаност, потсетува ДПА.
Американските медиуми неодамна објавија дека Трамп утврдил дека САД се во „вооружен конфликт“ со нарко-картелите и дека шверцерите се „нелегални борци“, а неговата администрација ги прогласи нарко-картелите за терористички организации.
МИА
Ново на Сител
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
-

Барал 100 евра за да избрише судска казна 200 евра и 6 месеци забрана за управување возило, уапсен судски службеник во Гостивар
-

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови
-

ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
-

Општина Кисела Вода: Активиран Кризен штаб, континуирано се чисти снегот
-

Кошта: ЕУ ќе се брани од секој облик на присила, ќе го штити меѓународниот поредок
-

Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар
