Loading Video...
Свет
6. February 2026 - 16:27

Преглед на вестите од светот

Американски и ирански деелгации  се во главниот град на Оман, Мускат на разговори во услови на криза што предизвика стравувања од воена конфронтација помегу двете земји. Иако двете страни покажаа подготвеност да ја оживеат дипломатијата околу долготрајниот нуклеарен спор на Техеран со Западот, американскиот државен секретар Марко Рубио синока зјави дека Вашингтотн сака да ги прошири денешните разоговори за да ги опфати  и балистичките ракети на Иран, поддршката на земјата за регионалните вооружени групи и нејзиниот третман на своите граѓани. Иран порача  дека разговорите ќе бидат ограничени на неговата нуклеарна програма и не е јасно дали овие разлики се решени. На чело на иранскаата делегеација е министерот за надворешни работи Абас Аракчи, а американската страна е претставена од специјалиот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

- И ќе видиме што ќе произлезе од разговорите. Претседателот е на чекање за новости од нив, изјави Каролајн Ливит, портпарол на Белата куќа.

Во последните недели, Трамп се закани дека ќе го бомбардира Иран ако не постигне договор за нукеларната програма. САД испратија илјадници војници и она што Трамп го опиша како „армада“ во регионот, вклучувајќи носач на авиони, заедно со други воени бродови, како и борбени авиони. Иран вети дека ќе одговори на напад со сила, заканувајќи се дека ќе ги нападне американските бази  на Блискиот Исток и Израел.

Заменик началникот на руската воена разузнавачка служба ГРУ, Владимир Алексеев  е тешко повреден откако утрово  бил мета на напад. Непознато лице испукало  повеке куршуми, погодувајки го Алексеев во грбот и стомакот соопптија руските власти. Нападот се слулчил пред станбената зграда во кој живееел разузнвачот во западниот дел на Моксва. Напаѓачот избегал од местото на настанот  а потерата е во тек соопшти Истражниот комиетет на Русија, кој веднаш отвори кривична постапка за обид за убиство. Инцидентот се случи само еден ден по завршувањето на мировните преговори за Украина  во Абу Даби а на кои рускатаа страна ја претставуваше  претпоставениот на Алексеев, Игор Костјуков. Шефотот на руската дипломатија  ја обвини Украина за обид за атентат врз Алексеев.

- Овој терористички чин уште еднаш го потврди фокусот на режимот на Зеленски на постојани провокации, кои, пак, имаат за цел да го нарушат процесот на преговори. А исто така и посветеноста на режимот да направи сè за да ги убеди своите западни спонзори да продолжат да вршат притисок врз САД во нивните напори да ги попречат од постигнување фер решение, изјави Сергеј ЛАвров, минситер за надворешни работи на Русија.

Неколку високи руски воени функционери се убиени од почетоко на војната во Уркаина, а Москва го обвинува Киев за овие напади.