Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани

Претседателот на САД, Доналд Трамп на синоќешниот предизборен митинг во Аризона изјави дека лицата кои доставувале информации за американските воени операции на новинарите треба да бидат стрелани.
Трамп реагираше на наводното протекување информации за времето на американските напади врз иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година, што наводно им го открил неименуван извор на новинарите.
Како дел од операцијата „Полноќен чекан“ лани беа бомбардирани нуклеарните објекти во Натанц, Фордоу и Исфахан.
- Оние кои оддаваат информации треба да бидат стрелани, истакна Трамп додавајќи оти такви луѓе биле стрелани во минатото.
Во САД е обновена дебатата за смртната казна, додека Пентагон планира прво воено погубување по 65 години.
Американскиот министер за одбрана Пет Хегсет сака погубувањето да се пренесува во живо.
Нидал Хасан, осуден за масакрот во воената база Форт Худ во Тексас во 2009 година, треба да биде погубен на 3 декември на местото на нападот.
Дебатата за смртна казна беше дополнително поттикната од неуспешниот обид за погубување во Тенеси, каде што властите објавија дека осудената убиец Криста Пајк преживеала две дози пентобарбитал.
Таа требаше да биде првата жена погубена во САД по повеќе од 200 години.
МИА
Ново на Сител
-

Винисиус доби минимална казна, неговата суспензија можеше да биде подолга
-

Приведен црногорски државјанин, возел со брзина од 185 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 100км/ч
-

Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“
-

Руски напади врз црноморското пристаниште Измаил, погодени два товарни брода
-

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз руските рафинерии
-

Си-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“
-

ЛШ: Минимален пораз за Вардар на гостувањето во Полска
-

На комисиска расправа Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво
