Трамп: Мислам дека со Куба можам да правам што сакам

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека мисли дека ќе има „чест да ја окупира Куба“ и дека со оваа островска земја „може да прави што сака“.
„Верувам дека ќе имам чест, чест да ја окупирам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест“, рече Трамп за време на потпишувањето на извршна наредба во Белата куќа.
Американскиот претседател со недели повторува дека Куба е на работ на колапс. „Без разлика дали ќе ја ослободам, ќе ја окупирам, мислам дека можам да правам што сакам со неа.
Тие се многу ослабена нација во моментов. Тоа е неуспешна нација. Тие немаат пари, немаат нафта, ништо“, рече тој.
Под Трамп, Вашингтон го зголеми економскиот притисок врз Куба, со цел да го прекине протокот на странска валута и нафта кон карипскиот остров.
Притисокот се интензивираше откако американските власти во јануари спроведоа операција против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше уапсен во главниот град Каракас и однесен во САД.
Со тој потег, Хавана изгуби еден од своите најважни сојузници, кој долго време го поддржуваше островот, особено преку снабдувањето со нафта, во услови на децениското американско трговско ембарго кон Куба.
Во моментов, Куба е во една од најтешките економски кризи од револуцијата во 1959 година предводена од Фидел Кастро.
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
