Трамп: Можам да ги натерам земјите кои не ја платиле членарината во ОН веднаш да го сторат тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека многу лесно може да го реши финансискиот проблем на Обединетите нации така што ќе ги натера земјите кои не ја платиле членарината во ОН веднаш да го сторат тоа.
Трамп, во телефонски разговор за „Политико“, рече дека не е запознаен со тоа дека Соединетите Американски Држави не ги исполнуваат сите обврски кон ОН.
Тој наведе дека е сигурен оти може многу лесно да ги реши финансиските проблеми на ОН така што ќе ги натера другите земји да ја платат членарината, но само ако ОН го побараат тоа. Трамп одби да каже дали САД ќе ги исплатат милијардите долари што им ги должат на ОН.
Сè што треба да направам е да ги повикам овие земји … ќе испратат чекови за неколку минути, наведе Трамп.
Високи функционери на ОН предупредија дека светската организација би можела да биде принудена да ги намали операциите или дури и да го затвори седиштето во Њујорк, доколку остане без готовина, пренесе „Њујорк тајмс“.
– Мислам дека тоа не е соодветно. ОН не треба да ги напуштаат Њујорк и Соединетите Американски Држави, бидејќи ОН имаат огромен потенцијал, рече Трамп. Тој наведе дека ОН ќе ги решаваат воените конфликти кога тој повеќе нема да може да го прави тоа.
Трамп се повлече од голем број мултилатерални институции и во првиот и во вториот мандат, а во јануари потпиша извршна наредба за повлекување на САД од 66 организации, агенции и комисии, вклучувајќи ја агенцијата на ОН за население и договорот на ОН со кој се воспоставуваат меѓународни преговори за климата.
МИА
Ново на Сител
-

Без струја дел од Чаир
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките места и на планините
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
