Loading Video...
Свет
5. February 2026 - 16:38

Преглед на вестите од светот

Последниот договор помегу САД и Русија за контрола на нуклеарното наоружување завршува денска зголемувајќи ги стравувањето од нова трка во вооружување на двете држави. Со итекување на Нов Старт договорот, САД и Русија за првпат по повеке од половина век  остануваат без правна рамка за ограничување на нивните нуклеарни арсенали.

Првиот таков договор беше САЛT I од 1972 година. Нов Стар беше потпишан во 2010-та година и го ограничи бројот на распоредени нуклеарни боеви глави на двете страни на 1550 а исто така воспостави и одредени мерки на транспарентност, вклучувајќи и трансфер на податоци, систем на известување и инспекции на одредени локации. Тоа беше речиси 30 проценти помалку нуклеарно оружје од претходната граница од 2002 година.

Русија ќе остане одговорна нуклеарна сила и покрај истекот на договорот, објави Кремљ. Портпаролот Песков потсети дека претходно им предложиле на Соединетите држави да ги продолжат условите на договорот за една година за да се обезбеди време за дискусија за договор-наследник, предлог за кој, како што рече, Американците досега формално не одговориле

„Договорот завршува. Ние гледаме негативно на ова и изразуваме жалење. Немаше одговор на нашиот поттик да ги зачуваме бројчените лимити (за стратешко офанзивно оружје) уште една година, дури и по истекот на овој документ. Што ќе се случи следно зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните. Во секој случај, Руската Федерација ќе го задржи својот одговорен и внимателен пристап кон прашањето за стратешка стабилност во областа на нуклеарното оружје и, секако, како и секогаш, ќе се води пред сè од своите национални интереси, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.

Според последните проценки, двете држави во моментов контролираат повеќе од 80% од нуклеарните боеви глави во светот. Првиот човек на ОН, Гутереш ги повика двете најголеми нуклеарни сили што е можно побрзо да постигнат нов договор за контрола на оружјето за масовно уништување.

Белата куќа инсистира дека секој иден договор мора да ја вклучи и Кина, но претседателот Си Џинпинг одбива учество, тврдејки дека кинескиот нуклеарен арсенал не е споредлив со капацитетите на САД и Русија.

Русија и Украина разменија по 157 воени заробеници. Размената беше договорена утрово од делгаците на САД, Уркаина и Русија за време на вториот и последен ден од мировните преговори во Абу Даби, обајви американскиот специјален претставник Стив Виткоф.

„Овој резултат е постигнат од мировни разговори кои беа детални и продуктивни. Иако останува значајна работа, ваквите чекори покажуваат дека одржливиот дипломатски ангажман дава опипливи резултати и ги унапредува напорите за завршување на војната во Украина“ напиша Виткоф на Х и најави дека дискусиите ќе продолжат во наредните недели.

Други детали од дводневните раговори во Абу даби нема. Во мегувреме укрианскиот претседател Зеленски за првпат по подолг период објави ажурирани податоци за воените загуби, потврдувајќи дека 55.000 украински војници загинале од почетокот на војната во февруари 2022 година. Една година претходно, во интервју за Ен-би-си, тој објави 46.000 воени жртви.