Трамп му дал зелено светло на Израел за напад врз раководството на Хамас во Катар
Претседателот на САД, Доналд Трамп, дал зелено светло за израелската акција во Катар, изјавил висок израелски функционер за Канал 12, пренесе Тајмс од Израел.
Долгогодишниот лидер на Хамас, Халед Машал, кого Израел се обидел да го ликвидира во Јордан во 1997 година, бил меѓу лидерите на Хамас на состанокот кој бил цел на денешниот напад во Доха, јави телевицијата.
Во главниот град на Катар, Доха, денеска се слушнале неколку експлозии и се појавил густ чад, рекле очевидци за арапски медиуми.
Еден жител на Доха за англискиот сервис на Ал Арабија рекол дека слушна најмалку пет експлозии.
Според прелиминарните информации на Ал Арабија, главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е убиен во израелски напад во Катар. Вкупниот број на загинати или ранети во нападот сè уште не е познат.
Ал-Хаја наводно е убиен во нападот, но информацијата сè уште не е официјално потврдена, а точниот број на загинати или повредени останува непознат.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека извршиле напад „насочен кон високото раководство“ на Хамас, без да ја прецизира конкретната локација на нападот.
„Пред нападот, беа преземени мерки за намалување на штетата врз цивилите, вклучително и употреба на прецизна муниција и дополнителни разузнавачки информации“, соопшти ИДФ.
ИДФ и Шин Бет во соопштение објавија дека ја таргетирале раководната структура на Хамас со удар изведен од Израелските воздухопловни сили според договорот со Трамп.
Во соопштението не се споменува експлицитно Катар, но доаѓа по извештаите за силни експлозии во Доха, каде што се наоѓа врвното раководство на Хамас, пишува Тајмс оф Израел.
-Членовите на раководството кои беа погодени ги водеа активностите на терористичката организација со години и се директно одговорни за извршувањето на масакрот на 7 октомври и за водењето на војната против државата Израел, се вели во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-
Н1: Разрешен командантот на српската Специјална антитерористичка единица
-
ЦУК: Побарано воздушно дејствување врз пожарот во Липковско на страната од Скопска Црна Гора
-
Мицкоски: Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 отсто и е меѓу петте земји во Европа по раст на БДП
-
Франција на работ на економска и политичка криза, премиерот веројатно ќе го изгуби гласањето за доверба
-
Русија со балистичка ракета ја нападна Одеса
-
Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани
-
ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола
-
Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани