Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со нови напади ако Техеран не склучи мир, јави ДПА.
„Или ќе има мир или ќе има трагедија за Иран, многу поголема од она што го видовме во последните осум дена“, рече Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа, откако претходно објави дека САД нападнале три нуклеарни постројки во Иран.
„Запомнете, останаа уште многу цели“.
Трамп рече дека САД извршиле напади што „целосно и тотално ги уништиле“ клучните постројки за збогатување ураниум. Тој додаде дека Иран „мора да склучи мир сега. Ако не го сторат тоа, идните напади ќе бидат многу поголеми“.
Нешто повеќе од два часа претходно, Трамп објави дека американските авиони нападнале три нуклеарни постројки во Иран – во Натанз, Исфахан и постројката за збогатување ураниум во Фордо.
Израел ја започна кампањата на 13 јуни, нагласувајќи дека имала за цел да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје. Техеран постојано негира дека се стреми кон нуклеарно оружје и тврди дека неговата нуклеарна програма е само за цивилни цели.
Ново на Сител
-
„Јапонската вежба со одење“ го намалува крвниот притисок
-
Сиљановска-Давкова: Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија, потребно е меѓусебно да се разбираме, почитуваме и помагаме
-
Муцунски во Хаг: Единството е најсилната алатка за справување со заедничките закани
-
Порастот на температурите ги зголемува ризиците од труење со храна, да се направи правилен избор при нејзина набавка
-
Таткото на Вања ослободен од обвинението
-
Палчо, Видевски, Манев и Кешишов осудени на доживотна казна затвор
-
Николовски: Од Блискиот Исток до Балканот - нафтата стана оружје, а енергијата економски адут
-
Во Иран обесени три лица за наводна шпионажа за Израел