Loading Video...
Свет
24. јуни 2025 - 16:50

Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето

И Израел и Иран го прекршија прекинот на огнот кој стапи во сила утрово околу 7 часот по средноеврпско време објави Трамп. Зборувајќи со новинарите пред да замине на самитот на НАТО во Хаг, американскиот претседател   рече  дека не е задовлен од ниту една земја  особено од Израел. му порача  да не напаѓа откако  Тел Авив го обвини Иран дека лансирал проектили по стартот на примирјето, што беше негирано од Техеран. Трамп ја објави веста за примирјето  околу полноќ по средноевропв време, рече дека ќе трае 24 часа , по што ке заврши израелско иранскиот конфликт. 

Подоцна и двете страни страни потврдија дека се согласиле за прекин на огнот во кој последувале САД и Катар, бидејќи како што соопштија и иранските и израелските власти во текот на 12 дневното војување да ги исполната нивните цели. Неполни 3 часа окако примирјето стапи на во сила, Израел кажа дека соборил ирански проектили над северниот дел на земјата и се закани дека жестоко ќе одговори.

- Следејќи ја директивата на политичкиот ешалон, прекинот на огнот стапи во сила утрово. Може да се каже дека ИДФ целосно ги исполни сите цели дефинирани во операцијата „Лав што се издигнува“. Началникот на Генералштабот им наложи на ИДФ да одржуваат високо ниво на будност и подготвеност за моќен одговор на какво било кршење на прекинот на огнот, соопшпти портпаролот на израелската армија Ефи Дефин.

Шефот на иранската војска Абдолрахим Мусави негираше дека биле лансирани ракети кон Израел.Демантот го прочиа телевизсика презентрака.Војната почна со нападот на Израел врз Иран на 13-ти јуни. Тел Авив тврдеше дека сака да го спречи Техеран да изгради нуклеарна бомба. Иран одговори на нападите, а САД се вмешаа во војната во саботата, со напад на три ирански нуклеарни постројки.  

Пред една недела, Иран беше многу блиску до тоа да има нуклеарно оружје. Сега, Иран не е способен да изгради нуклеарно оружје со опремата што ја има, бидејќи ние ја уништивме. Значи, тоа е многу, многу голема работа, изјави потпретсдетелот на САД. 

Вчера, Техеран возврати со одмазднички напади врз американската воена база во Катар.