Трамп најави УФЦ борба во Белата куќа за својот 80-ти роденден

Трамп, кој е познат љубител на УФЦ, веста ја објави на својата социјална платформа „Трут соушал“ (Truth Social). Годинава се одбележуваат 250 години од независноста на САД, а првично било планирано борбата да се одржи на 4 јули – Денот на независноста.
Трамп вчера присуствуваше на настан на УФЦ во Мајами, заедно со членови на своето семејство и со државниот секретар Марко Рубио, во моментот кога потпретседателот Џеј Ди Венс од преговорите во Пакистан соопшти дека не е постигнат договор меѓу САД и Иран.
УФЦ е најголемата професионална лига за мешани боречки вештини (ММА), спорт што комбинира техники од бокс, кик-бокс и борење. За разлика од професионалното борење (кечери), овие борби не се режирани.
Главните борби на 14 јуни, ден кој се одбележува и како Ден на знамето на САД, ќе бидат меѓу Илија Топурија и Џастин Гејџи за титулата во лесна категорија, како и меѓу Алекс Переира и Сирил Ган за привремената титула во тешка категорија.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
