Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека не е задоволен од однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин и рече дека разгледува нови санкции против Русија.
-Не сум задоволен со Путин, тоа можам да ви го кажам. Тој убива многу луѓе, главно свои и украински војници. Бројот на загинати сега изнесува до 7.000 неделно, рече Трамп во обраќање пред новинарите, пренесува „Њујорк Тајмс“.
Тој повтори дека војната во Украина „никогаш не требало да се случи“ и оти треба да заврши бидејќи „многу луѓе умираат“.
-Путин нè опсипува со еден куп глупости, ако сакате да ја знаете вистината. Тој е цело време многу фин, но излегува дека тоа е бесмислено. Постојано ни зборува убаво, но сето тоа не значи ништо, рече Трамп.
На прашањето дали планира да воведе дополнителни санкции против Русија, тој одговори дека „размаслува за тоа“, но не изнесе детали за следните чекори.
-Не би ви го кажал тоа сега, сакаме малку изненадувања, истакна Трамп.
Коментирајќи го неодамнешниот прекин на испораките на вооружување за Украина, кој го нареди министерот за одбрана на неодредено време поради загриженост околу залихите на американската војска, Трамп изјави дека не знае кој ја донел таа одлука за прекин.
-Не знам, зошто вие не ми кажете?, одговори Трамп на новинарите.
Коментарите на Трамп следуваа помалку од 24 часа откако тој потврди дека Вашингтон ќе продолжи со испораките на оружје за Киев во екот на тековните руски воздушни напади. Тоа дојде само неколку дена откако Пентагон ги запре испораките за да преиспита дали моменталните залихи се доволни за американските одбранбени потреби.
Ново на Сител
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска