Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да останат ограничувањата за американските и руските стратешки нуклеарни сили утврдени со договорот „Нов СТАРТ“ од 2010 година.
– Ова не е договор кој сакаш да го оставиш да истече. Почнуваме да работиме на тоа, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа, непосредно пред да замине за петдневната посета во Шкотска.
Договорот „Нов СТАРТ“, кој го ограничува бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви глави и носачи на оружје, истекува на 5 февруари следната година.
Ова е првпат Трамп да се изјасни јавно за судбината на договорот откако повторно ја презеде функцијата на 20 јануари годинава.
– Кога ќе ги укинеш ограничувањата за нуклеарното оружје, тоа станува голем проблем, изјави Трамп.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје