Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот

Претседателот на САД, Трамп, објави видео на неговата платформа Трут соушал на кое се гледа како некој брзо трча низ безбедносниот контролен пункт, изненадувајќи го обезбедувањето пред брзо да го извади оружјето.
Од другите видеа објавени нa социјалните мрежи може да се види дека откако се слушнаа истрелите агентите за безбедност ги турнаа службениците на кабинетот на земја, вклучувајќи го државниот секретар Марко Рубио, секретарот за здравство и човечки услуги Роберт Ф. Кенеди Џуниор и министерот за внатрешни работи Даг Бургум.
Трамп по нападотм изјави дека Тајната служба завршила многу подобра работа од обидот за атентат во Батлер во јули 2024 година на митинг на отворено каде Трамп беше застрелан од 20-годишен маж во увото. Напаѓачот тогаш беше убиен од обезбедувањето.
Вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа се одржува секоја година. На синоќешниот настан присуствуваа многу членови на кабинетот на Трамп и други високи функционери на администрацијата. Вечерата беше закажана во подрумската балска сала на хотелот „Хилтон“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
