Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу разочаран“ од НАТО и дека САД не добиле доволна поддршка од своите сојузници – објави Ен-би-си.
Зборувајќи на прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на самитот на алијансата во Анкара, Трамп рече дека можеби немаше да присуствува на самитот доколку не се одржал во Турција, земја чиј лидер, рече, е „силна личност“.
„Доколку не се одржеше во Турција, каде што мојот пријател е многу силен лидер, многу силна личност, веројатно немаше да присуствувам“, рече Трамп одговарајќи на прашање за можноста за повлекување на американските трупи од Европа.
Американскиот претседател го критикува НАТО бидејќи, според него, не ги поддржал САД во операциите против Иран.
„Не сме добро третирани затоа што направивме нешто во Иран“, рече Трамп додавајќи дека САД инвестираат многу во НАТО за да ги заштитат европските земји, Канада и другите сојузници.
Тој оцени дека сојузниците треба да бидат поподготвени да му дадат поддршка на Вашингтон, но дека, како што рече, тоа не е случај.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
