Трамп: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо, или Иран ќе биде силно погоден

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормуската Теснина, која е блокирана од иранските сили, ќе биде отворена „многу брзо“ или Иран ќе биде „многу силно“ погоден во напад на Соединетите Американски Држави.
-Протокот ќе биде отворен многу брзо, или тие (Иран) ќе бидат многу силно погодени, а потоа протокот ќе биде отворен – рече Трамп во интервју за Фокс њуз.
Трамп во јужна Калифорнија присуствуваше на вечера за собирање средства за Републиканскиот национален комитет, која беше организирана на неговиот терен за голф Ранчо Палос Вердес во областа на Лос Анџелес.
Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека е „постигнат напредок“ во разговорите со Иран и Оман, кои тврдат дека го контролираат тој витален пловен пат за транспорт на нафта во регионот, но дека сè уште не е постигнат конечен договор за Ормуската Теснина.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
