Трамп остро го критикуваше Нетанјаху по израелските напади во Бејрут

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по израелските напади врз цели на „Хезболах“ во Бејрут, јавуваат медиумите повикувајќи се на извори запознаени со разговорот.
Разговорот се одржал само неколку часа пред очекуваното потпишување на договорот меѓу САД и Иран, додека Трамп претходно јавно ги критикуваше израелските напади.
„Израел повеќе не би требало да изведува напади никаде во Либан, но ниту другите страни, вклучувајќи го и ‘Хезболах’, не треба да го напаѓаат Израел“, изјави Трамп.
На својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) тој напиша дека нападите извршени утрото не требало да се случат, особено во момент кога мировниот договор со Иран бил на дофат.
Трамп додаде дека Израел има право да се брани од закани, но оцени дека конкретната закана на која реагирал била „многу мала и безначајна“.
„Ова би можело да биде почеток на долг и убав мир – да не го уништиме“, напиша американскиот претседател.
Според израелскиот Канал 12, Трамп во интервју изразил незадоволство од одлуките на Нетанјаху и од нападите врз Бејрут.
Тој, наводно, изјавил дека му го пренел своето незадоволство директно на израелскиот премиер и оценил дека одговорот на Израел бил непропорционален на нападот на „Хезболах“, во кој немало повредени.
Израелските одбранбени сили соопштија дека нападите во бејрутската населба Дахија биле извршени како одговор на ракетен оган од „Хезболах“ кон израелска територија.
Во заедничкото соопштение на Нетанјаху и на министерот за одбрана, Израел Кац, се наведува дека Израел нема да толерира напади врз својата територија.
Армијата соопшти дека цел на нападот бил команден центар на „Хезболах“ во Дахија, кој организацијата наводно го користела за планирање напади врз израелски граѓани и војници распоредени во Јужен Либан.
Во меѓувреме, Мохамад Мохбер, поранешен вршител на должноста претседател на Иран и советник на врховниот лидер, ајатолахот Мојтаба Хамнеи, предупреди дека Техеран нема да прави отстапки кога станува збор за одбраната на Либан.
Тој порача дека секој што ќе ги премине „црвените линии“ на Иран ќе научи лекција која ќе го натера да зажали.
МИА
Ново на Сител
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
