Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера откри повеќе детали за планираниот заштитен штит за воздушна одбрана на земјата, или „Златна купола“, наменет за одбивање дронови и проектили, пренесе ДПА.
Трамп рече дека системот вреден 175 милијарди долари ќе биде „целосно оперативен пред крајот на неговиот мандат“. Вториот мандат на Трамп треба да заврши во 2029 година.
Златната купола ќе се интегрира со постоечките одбранбени способности во САД, рече Трамп.
-Откако ќе биде целосно изградена, Златната купола ќе биде способна да пресретнува проектили дури и ако се лансирани од другата страна на светот и дури и ако се лансирани од вселената, додаде тој.
-Ова е многу важно за успехот, па дури и за опстанокот на нашата земја, нагласи Трамп.
Според него, Канада изразила интерес за учество во проектот.
Трамп потпиша извршна наредба, насловена „Железната купола за Америка“, за да го започне проектот само неколку дена по неговата инаугурација во јануари.
Оригиналната Железна купола е израелски ракетен штит, дизајниран на почетокот на 2000-те за пресретнување ракети со краток дострел, како и гранати и минофрлачи.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено
-
Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили
-
Просечната нето плата во март 44.763 денари
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема