Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, соопшти дека остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин и започнал подготовки за тристрана средба со него и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел изнаоѓање решение за конфликтот во Украина.
„Имав многу добра средба во Белата куќа со угледни гости, меѓу кои претседателот на Украина Володимир Зеленски, претседателот на Франција Емануел Макрон, претседателот на Финска Александер Стуб, премиерката на Италија Џорџа Мелони, премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер, канцеларот на Германија Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Средбата заврши со дополнителни разговори во Овалниот кабинет“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“.
Тoj додаде дека за време на средбата се разговарало за безбедносните гаранции за Украина, координирани меѓу САД и европските земји.
„Сите се многу задоволни од можноста за мир меѓу Русија и Украина. По завршувањето на средбите, разговарав со претседателот Путин и започнав подготовки за средба меѓу него и Зеленски на локација што допрва треба да се одреди“, истакна Трамп. Тој нагласи дека по оваа средба ќе следи тристрана средба меѓу него, Путин и Зеленски.
„Ова беше многу добар, почетен чекор за ставање крај на војната што трае речиси четири години. Потпретседателот Џеј Ди Ванс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ги координираат активностите со Русија и Украина“, додаде американскиот претседател.
Според извори на светските медиуми, Трамп ја прекинал средбата со европските лидери за да разговара со Путин. Кремљ потврди дека разговорот, кој траел околу 40 минути, бил инициран од Трамп.
„Претседателот Путин повторно ја истакна важноста на личните напори на Трамп за изнаоѓање решенија за долгорочно решавање на конфликтот во Украина“, изјави советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков. Тој додаде дека Трамп го информирал Путин за штотуку завршените разговори со Зеленски и европските лидери во Белата куќа. Путин и Трамп изразиле поддршка за продолжување на директните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина. – Се разговараше за идејата да се разгледа можноста за подигнување на нивото на преставници од украинска и руска страна во директните преговори, дополни Ушаков.
МИА
Ново на Сител
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен
-
Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
-
Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција
-
Уписи на Скопскиот Универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши
-
Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС
-
Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога | ФОТО
-
Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест
-
Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот