Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија е подготвена да постигне договор за ставање крај на војната во Украина, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини дека не покажува подготвеност за преговори, пренесе кинеската новинска агенција „Синхуа“.
„Верувам дека Русија сака да се постигне договор“, изјави Трамп пред новинарите, оценувајќи дека Зеленски, од причини што не му се јасни, не е подготвен да прифати спогодба.
Трамп истакна дека конфликтот досега можел да биде завршен во неколку наврати. Според него, Украина имала можност да договори поповолни услови доколку постигнела спогодба пред две години.
Тој, исто така, повика на организирање избори во Украина, сугерирајќи дека земјата треба да добие нов лидер кој би бил способен да постигне договор со Москва.
„Претседателот Путин силно сака да се најде решение, а Русија истовремено испорачува значителни количества нафта на светскиот пазар“, изјави американскиот претседател.
Овие коментари следуваат еден ден по телефонскиот разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. По разговорот, американскиот лидер соопшти дека е постигнат договор за испорака на руски дизел до Соединетите Американски Држави и до меѓународните пазари.
Украинскиот претседател Зеленски го изрази своето несогласување со договорот, предупредувајќи дека зголемените приходи од енергетскиот сектор би можеле да ѝ обезбедат на Русија дополнителни средства за продолжување на воените операции во Украина.
Паралелно со овие случувања, американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Мајами се сретнаа со украински и европски претставници. Разговорите се дел од обновените дипломатски иницијативи насочени кон изнаоѓање решение за конфликтот.
Од друга страна, Кремљ во петокот соопшти дека украинските напади со беспилотни летала, извршени за време на парламентарните избори во Русија, негативно влијаеле врз можноста за брзо обновување на мировните преговори.
Ново на Сител
-

МВР одзеде 67 возила во акција на Интерпол – откриени фалсификувани шасии и возила по кои се трага меѓународно
-

На 96 години Ворен Бафет донираше 5,5 милијарди долари – планира да подари 99% од своето богатство, проценето на 156 милијарди
-

Скандал во Турција: Приведена Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“ во истрага за проституција и наркотици
-

ЈО: Кривична пријава против татко и две ќерки за тешка телесна повреда на жена од Дрење
-

Австрија ги зајакнува мерките за заштита од дронови
-

Украдени личните податоци на над еден милион Белгијци
-

Мицкоски: Македонија испорачува реформи, очекувам во Брисел да потврдат дека земјите од Западен Балкан припаѓаат во ЕУ
-

МВР: 373 прекршоци кај возачите при акциска сообраќајна контрола, откриен и возач без дозвола
