Трамп: САД ќе им помогнат на бродовите заглавени од блокадата на Ормуз

Соединетите Американски Држави денеска ќе почнат иницијатива за помош на пловилата заглавени поради блокадата на Ормуската Теснина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека земјите од целиот свет побарале помош.
Пишувајќи на својата платформа „Truth Social“, Трамп наведе дека Вашингтон ги информирал тие земји дека безбедно ќе ги води нивните бродови надвор од блокираните водни патишта „за да можат слободно и способно да продолжат со својата работа“.
- Ова се бродови од делови на светот кои на ниту еден начин не се вклучени во она што моментално се случува на Блискиот Исток – додаде тој.
- Овој процес, Проект Слобода (Project Freedom), ќе почне во понеделник наутро по време на Блискиот Исток – информира Трамп, без да наведе детали за тоа како САД ќе го спроведат.
Според американскиот претседател, неговите претставници водат „многу позитивни дискусии“ со Иран и додаде дека овие разговори би можеле да доведат до нешто „многу позитивно за сите“, без да образложи што, пренесе ДПА.
Соединетите Американски Држави долго време го притискаат Техеран во преговорите за повторно отворање на Ормуската Теснина, клучна рута за глобалните испораки на нафта, но досега со мал успех. Пловењето низ тесниот воден пат останува многу ограничено.
Во исто време, САД воведоа поморска блокада на Иран, дополнително ескалирајќи ги тензиите во регионот.
МИА
Ново на Сител
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
-

„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија
-

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
-

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар
