Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран започне егзекуции

САД ќе реагираат „многу решително“ доколку иранските власти започнат со егзекуции на лица уапсени за време на протестите, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп.
Неколку часа претходно, во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп порача дека нема намера да се сретне со претставници на иранските власти и ги охрабри демонстрантите, наведувајќи дека „помошта е на пат“. Коментарот уследи во време кога активисти тврдат дека бројот на загинати за време на протестите во Иран надминал 2.000 лица.
-Ќе реагираме многу решително доколку направат такво нешто, изјави Трамп подоцна, одговарајќи на прашање на новинар на телевизијата Си-Би-Ес њуз, за време на посетата на фабрика за автомобили во Детроит, сојузната држава Мичиген, во врска со можни егзекуции на демонстранти во Исламската Република.
„Се враќам во Белата куќа и ќе ја разгледаме ситуацијата во Иран“, изјави Трамп на брифинг со медиумите откако неговиот авион слета во воздухопловната база „Ендрјус“ во близина на Вашингтон. Тој изрази очекување дека ќе добие „прецизни податоци поврзани со убиствата на демонстрантите“, наведувајќи дека станува збор за „значителен број“ жртви.
МИА
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка
-

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива
-

АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
-

Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-

Денес сончево и топло време
-

Собраниската Комисија за култура и туризам ќе одбележи 80 години од објавувањето на првата граматика на македонски јазик од Круме Кепески
-

Најмалку 21 загинат по експлозија во фабрика за огномет во Кина
