Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека планира да повлече повеќе американски војници од Германија отколку што беше претходно најавено.
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на околу 5.000 припадници на американските сили од базите во Германија, потсетува ДПА.
Сепак, Трамп вчера пред новинари во Флорида изјави дека бројката ќе биде поголема.
– Ќе одиме на значително намалување. И ќе кратиме многу повеќе од тие 5.000 – рече тој.
Портпаролот на Министерството за одбрана на САД изјави дека повлекувањето треба да заврши во следните 12 месеци. Деталите остануваат нејасни.
Одлуката следуваше по јавната расправија меѓу Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно неделава. Мерц даде невнимателен коментар сугерирајќи дека иранската влада ги „понижила“ САД во преговорите, што предизвика лута реакција од Трамп.
Во Европа со децении постојат десетици големи американски воени бази кои се од огромно значење за американските операции на глобално ниво, вклучително и на Блискиот Исток. Во Германија, тие ги вклучуваат Европската команда на САД во Штутгарт и воздухопловната база Рамштајн во западната покраина Рајнска област-Пфалц, која служи како центар за американските воздухопловни сили.
Воените податоци на САД од април покажуваат дека во моментов во Европа се стационирани околу 86.000 американски војници, од кои околу 39.000 во Германија. Бројот редовно се менува, делумно поради ротации и воени вежби.
МИА
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата
-

Тема на денот со проф. д-р Константин Димитров
-

Протестен марш ,,Стоп за Усје‘‘ против аерозагадувањето
-

Повеќе пари за инвестиции, земјоделие, образование: Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-

Мицкоски: Дипломатската нота за патувањето на моето семејство ги радикализира односите со Софија
-

Пазарна ќе ги споредува цените во целиот синџир на снабдување за да утврди од каде доаѓа поскапувањето
-

Судот во Стразбур: Државата имала право да ги поништи аболициите на Иванов
-

Амандманската расправа за правична застапеност ги судри албанските партии
