Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
Претседателот на САД, Доналд Трамп за „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) изјави дека Вашингтон не бил предупреден, но бил свесен за израелските планови за напад врз Иран.
-Предупредување? Немаше предупредување. Но, знаевме што се случува, наведе Трамп.
Тој израелската операција врз Иран ја оцени како „многу успешен напад“.
-И кажав на другата страна (Иран) дека имаат 60 дена да се постигне договор. Денеска всушност е 61 ден и тоа беше многу успешен напад, наведе Трамп, додавајќи оти сè уште има можност да се постигне договор, додека „нешто им има останато“.
Запрашан за влијанието врз финансиските пазари, Трамп одговори: „Мислам дека на крајот ќе биде одлично, бидејќи Иран нема да има нуклеарно оружје … Иран повеќе нема да има нуклеарно оружје што беше голема закана за човештвото“.
Израел денеска го нападна Иран, како што наведе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обид да се елиминираат нуклеарните и ракетните капацитети на Техеран.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП