Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, дека САД повторно ќе побараат да бидат домаќини на Светско фудбалско првенство и тоа „веднаш“, истакнувајќи ја успешната организација на мундијалскиот турнир што заврши во неделата вечер со победа на Шпанија во финалето над Аргентина.
Останува нејасно на што мислеше Трамп кога рече „веднаш“ во интервјуто за Фокс Спорт, бидејќи ФИФА веќе ги одреди домаќините на следните две светски првенства, доделувајќи им ја организацијата на Мундијалот 2030 на Шпанија, Португалија и Мароко, а во 2034 година на Саудиска Арабија.
Истакнувајќи оти Светското првенство 2026 било беспрекорно организирано, Трамп рече дека САД се фудбалска земја и затоа сака што поскоро повторно да го види натпреварувањето на американска почва.
„Имам одлична идеја за Џани (Инфантино). Му реков: „Сега треба да објавиш уште две земји (домаќини). Објави нè нас за следниот (турнир), а потоа објави уште една земја, за да се отстрани дел од гневот и шокот. Мислам дека е одлична идеја. Врз основа на бројките (посетеноста на стадионите и финансискиот ефект), ќе побараме повторно. Мораме да го направиме тоа додека сум тука. Дали ме слушаш Џани?“, праша американскиот претседател.
Првиот следен мундијалски турнир што теоретски би можел да се одржи повторно во САД е Светското првенство во 2038, кога Трамп би бил на 92-годишна возраст.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
